Радев: Бараме уставни гаранции за правата на македонските Бугари

by Fokus

Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари пред Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската Унија, вака изјавил бугарскиот шеф на државата Румен Радев на средбата со амбасадорите на земјите членки на Унијата и Швајцарија.

-Бугарија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Но, Софија очекува конкретни резултати и во делот на економијата и поврзаноста и во однос на нерешените билатерални прашања во дијалогот со Скопје. Меѓу нив особено чувствителни се почитувањето на правата на македонските Бугари, намалување на јазикот на омразата и нападите врз бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања настрана ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција. Бугарија не сака да внесува отворени проблеми во Европската унија и очекува поддршка од европските сојузници за прашањето за евроинтеграциите на Скопје, додал Радев.

Радев во разговорите истакнал дека Бугарија очекува да постигне конкретни резултати, како во делот на економијата и поврзаноста, така и во однос на отворените билатерални прашања.

Радев потсетил и дека Бугарија е подготвена да се приклучи на Шенген зоната.

Поврзани новости