Четири години по потпишувањето на договорот од 2017 година, Република Северна Македонија не го направила тоа што е потребно за негово спроведување, но исто така не ни гарантирала исполнување на обврските, оцени претседателот на Бугарија, Румен Радев, по речиси петчасовната седница на Консултативниот совет за национална безбедност.
Како главно, тој порача дека давањето согласност за почнувањето на преговори за Северна Македонија со ЕУ не треба да се врзува со рокови туку со реални остварувања, вклучувајќи ги правата на македонските Бугари.
Откако повтори дека Бугарија има стратегиски интерес да се шири ЕУ во регионот и дека прва ја признала независноста на Македонија, тој додаде дека Софија не го одрекува правото на македонските граѓани да се самодекларираат и нарекуваат како што сакаат, но инсистира на целосна рамноправност на македонските Бугари со останатите граѓани во државата.
Според него повеќедецениската дискриминација на македонските Бугари во нашата држава ескалирала со јавни напади на граѓани што се декларираат така, нагласувајќи дека нивните права се клучен елемент од Копенхашките критериуми и тие, како што рече, не можат да бидат предмет на преговори.
Од особено значање, нагласи тој, се проектите кои обезбедуваат транспортно, дигитално и енергетско поврзување, издојувајќи го како осбено важен Коридорот 8. Тие проекти, според оценката на сите на состанокот, ќе помогнат да се надмине застојот во односите меѓу двете држави, да се врати меѓусебмата доверба и да се поттурнат преговорите. Оценувајќи ги генерално преговорите досега, учесниците на Советот за национална безбедност нагласиле дека во некои обкласти се оцртува можност за постигнување согласност.
На крајот тој ја повтори бугарската позиција дека на Албанија треба да и се дозволи да ги почне преговорите и да не ја чека Македонија.
Сето ова е дел од документот што бил договорен на состанокот и во кој се внесени следните предлози: извршната власт да подготви план за дејстување со мерки за напредок во преговорите во сите области, да се формираат групи за сите области , да се утврдат мерки за изградба на Коридорот 8 во целина, а Народното собрание на Бугарија да му предложи на македонскиот Парламент структуиран дијалог кој ќе го помогне целиот процес. Практично по петчасовно заседавање беше официјализирана идејата на премиерот Кирил Петков за проширување на преговорите во повеќе области и од сите прашања со кои не заморуваше Софија со месеци од историјата, фокусот се стави на правата на Бугарите во Македонија како единствена тема разбирлива за Брисел. Договорот за пријателство од 2017 година и Рамковната позиција на Народното собрание на Бугарија сепак се посочија како два документа на кои ќе се заснова и натаму бугарската политика и позиција кон Македонија.