Радев: Алармантни се случаите на дискриминација на граѓаните на Македонија со бугарска самосвест

by fokus

Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.

Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.

Претседателот Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.

-За нас е важно меѓу младите од Република Северна Македонија да не се влева омраза кон Бугарите, рече претседателот на Бугарија и даде пример со учебниците во земјата, каде што се уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.

Поврзани новости