Радарите на МВР „уловија“ 700 возила кои се движеле побрзо од дозволеното

by Fokus

Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи.

Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.
Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости