80
Сопственик на компанијата што ја врши реконструкцијата на Универзална сала вели дека пожарот први го забележале градежните работници и веднаш се обиделе со ПП-апарати да го изгаснат, но не успеале, бидејќи била зафатена стара иверица кој за многу брзо време изгорела.
„Еден градежен инженер, двајца градежни работници и двајца чувари биле присутни во Универзалната сала во моментот кога избувнал пожарот, но за среќа, никој од нив не е повреден“ изјави Лазар Арсовски, сопственик на компанијата која ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала.
Тој вели дека најверојатна причина за пожарот е проблем со стара електрична инсталација.