480
Вчера попладне, двајца работници се здобиле со тешки телесни повреди откако паднале од висина и веднаш биле хоспиталиризани на Клинички центар.
„На 19.08.2019 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина. Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.