Работник падна од скеле високо седум метри и остана мртов на лице место

by Fokus

Работникот Ж.В.(46) од Белград вчера паднал од скеле високо седум метри и останал мртов на лице место, јавува „Телеграф.рс“.

Неофицијално, тој работел на реконструкција на зграда во Чукарица кога наводно изгубил рамнотежа и паднал на бетонот. Сето ова се случило пред неговите колеги.

Повикале брза помош, која можела само да констатира смрт.

За случајот е известено надлежното обвинителство кое и наложило на полицијата да даде информации за несреќата.

Во текот на истрагата наводно ќе се утврди дали работникот ја имал сета потребна заштитна опрема.

Обвинителот нареди обдукција на телото на жртвата.

Поврзани новости