Работник управувајќи вилушкар, со палета повредил 25-годишно момче во фабрика во Виница

by fokus

Дваесет и петгодишно момче е повредено вчера на работно место во фабрика во Виница.

Несреќата се случила кога неговиот колега Р.С. (45) управувајќи вилушкар, со палета го удрил 25-годишниот Ј.Х, кој е пренесен во Општата болница во Кочани.

Случајот е пријавен вчера во 18:10 часот во полициската станица во Виница.

Увид на местото на насреќата извршила екипа од полициската станица Виница и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости