Работник преживеал пад од мост од висина од 45 метри во реката Детроит

by Fokus

Човек кој работел како градежен работник преживеал пад од 45,7 метри во реката Детроит од мост што ги поврзува американската сојузна држава Мичиген и Канада, пренесе АП.

Човекот бил спасен од екипажот на бродот за испорака на пошта.

Питер Бери, управник на пристаништето,  потврди за CTV News дека работник кој работел на Амбасадорскиот мост вчера паднал од мостот во реката Детроит.

„Степенот на ударот покажува дека поголемиот дел од неговата облека е искината. Работните чизми сè уште беа на него, а панталоните околу глуждовите и носеше маица“, изјави Сем Бјукенан, капетан на бродот.

Бјукенан рече дека човекот бил пренесен на брегот каде што го презеле медицинските лица од Детроит.

Тој рече дека човекот е „малку замаен, но ќе преживее“, но исходот од целиот настан го нарече „неверојатен“.

„ Ни беше полесно кога видовме дека може да разговара со нас, но се изгуби. Постојано прашуваше што се случило со него, а ние му кажавме дека паднал од мостот“,  изјави Бјукенан.

Поврзани новости