466
Работник во Кратово додека извршувал работни задачи во цистерна, паднал и починал, вчера око 12 часот, пренесува МВР.
„На 12.11.2018 година околу 12.00 часот било пријавено дека во Кратово на улица „Св. Ѓорѓи Кратовски“, Л.Д.(57) од Кратово вработен во фирма во Кратово додека извршувал работни задачи во цистерна, паднал и починал. По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Куманово телото е предадено за обдукција“, се вели во соопштението на МВР.