723
Со тешки телесни повреди се здобил еден работник од штипското село Лакавица при изведување на работни задачи, соопшти МВР.
-Вчера во 13:45 часот било пријавено дека околу 12:30 часот во с.Таренци, штипско, при изведување работни задачи, од работна машина-багер бил повреден Ѓ.И.(42) од с.Лакавица, штипско, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.