Вработен во гостиварски „Комуналец“ загина на 15 јуни годинава, при интервенција во водоводниот систем, десет дена пред да почнат пумпите да го загадуваа водоводот – пренесе тв Телма.
Велат случајот бил пријавен во полиција, а првичните информации се дека тој дошол да го исчисти каналот на локација каде што имало одводни канали за прибирање на проточни води, се заглавил и починал.
„Случајот од страна на општината не беше пријавен во полициска станица, а оштетеното стакло беше сменето веќе следниот ден. Настанот е квалификуван како кривично дело „оштетување туѓи предмети“, кое согласно законските одредби се гони по приватна тужба“, рекоа од МВР
И после еден месец од овие случувања ниту обвинителството ниту МВР за сега не ги поврзуваат со поставувањето на пумпите кои ја загадуваа водата дело за кое сега се осомничени директорката на „Комуналец“ со уште двајца директори.