Работник хоспитализиран откако машина му ја повлекла раката

by fokus

Работник од Кочани се здобил со сериозни повреди на раката, откако машина му ја повлекла, при работа во приватна фирма во Кочани. При преглед, веднаш бил испратен на КАРИЛ во Скопје.

„На 08.11.2018 година во 20.00 часот во Полициската станица Кочани, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г.(61) од Кочани. Тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во приватна фирма во Кочани, кaде машина му ја повлекла раката. По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и државен инспектор за труд и безбедност при работа.  Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости