65
Работната група за реформи на Судскиот совет ги разгледа сите 40 препораки на Оценската мисија на ЕУ.
Во периодот кој следува, како што информираат, ќе се конкретизираат мислењата и ставовите на членовите на групата, со цел да се пристапи кон измена на Законот за Судски совет.
Предвидени се измени во делот на изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судскиот совет како и изборот и унапредувањето на судиите.
Се дискутираше и за самостојноста на судскиот буџет. За реализација на одредени реформи во Судскиот совет неопхдни се уставни измени за што работната група има издвоено мислење.