Работиме да обезбедиме одржлива иднина на РЕК Битола, вели Ануѓшев

by fokus

Посветено работиме да обезбедиме одржлива и предвидлива иднина на комбинатот, нагласи потпретседателот на македонската Влада Кочо Анѓушев, во своето обраќање до вработените на РЕК Битола, а по повод Денот на рударите.

На празничниот собир што денеска се одржа во рудникот Суводол, Анѓушев јавно ја потврди владината поддршка за инвестициските планови на комбинатот, кои како што рече се важен сегмент за стабилност на електроенергетскиот ситем во Република Македонија.

– Мора да ја подобриме состојбата. Тоа подразбира имање план, а кога во енергетиката се зборува за план тоа значи да се има план за наредните 10 години и прецизен план со месечни динамики за пет години. Мора да се подобри состојбата во ископот Брод-Гнеотино за да се добијат предвидените ископи на јаглен, и без алтернатива мора да се мисли на отворањето на ископот Живојно. Само на тој начин ќе се обезбеди континуирана работа на РЕК Битола која е неопходна за работењето на електроенергетскиот систем во Република Македонија. Ние како Влада ќе дадеме максимална поддршка за работите да се случат во блиска иднина бидејќи без тоа неможеме да кажеме дека  електроенергетскиот систем во Република Македонија ќе биде стабилен и затоа, за да тој биде стабилен мора да се предвидат овие дејности, рече вицепремиерот Анѓушев.

Потпретседателот на Владата потсети на предностите од новиот Закон за енергетика во кој АД ЕЛЕМ и РЕК Битола имаат централно место, заштита АД ЕЛЕМ да биде стабилна компанија како основа на електроенергетскиот систем во Република Македонија.

– Со законот, предвидено е АД ЕЛЕМ да биде главен производител на електрична енергија за универзалниот снабдувач и ќе ја заштити цената на електричната енергија за граѓаните, тоа пак од друга страна значи домаќинско работење. Не смеат да продолжат тенденциите што ги гледавме години наназад, во РЕК Битола и во рудниците мора да има домаќинско работење. Тоа е императив без алтернатива и само така може да се задржи стабилноста на системот., истакна Анѓушев и дополни дека по расчистувањето со наследените проблеми околу договорот за реконструкција на котлите, веднаш ќе се премине кон десулфуризација и поеколошко производство на електрична енергија од РЕК Битола. Нема алтернатива здравјето на граѓаните на Битола и пелагонискиот регион, потврди Анѓушев.

Според генералениот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, компанијата води подеднаква грижа како за работата и плановите на РЕК Битола, така и за РЕК Осломеј во Кичево.

– Работиме да обезбедиме услови за современо, безбедно и ефективно ископување на јаглен во рудниците. Во процес е набавка на заштитна опрема за сите вработени. Со нови предизвици се соочуваме и во РЕК Осломеј за да се консолидира неговата работа, да се обезбеди руда и како овој капацитет во иднина што повеќе да го вклучуваме во производството на електрична енергија. Ќе вложуваме и во обновливи извори на енергија. Нашата заложба е инвестициите што ги правиме и ќе ги правиме во комбинатите паралелно да се одвиваат со еколошките сегменти и затоа вложуваме во редовно отпепелување според сите протоколи, поставување на нови електростатски филтри, пошумување и други мерки со кои ќе потврдиме дека сме одговорни кон потребите на граѓаните, за навремено обезбедување со електрична енергија но и за чиста и здрава животна средина, посочи Миновски.

Поврзани новости