Работиме да не се зголемува струјата, вели Ковачевски

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски на вториот ден од годишната конференција „Година на нови можности“ нагласи оти Владата работи на тоа да нема зголемување на цената на електрична енергија, а во некои сегменти, како што најави, може да има и намалување.

– Претпоставувам во наредниот период, и работиме на тоа да нема зголемување на цената на електричната енергија, а може во некои сегменти да има и намалување. Минатата година АД ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти, а за оваа година планот е повторно зоглемување на производството на електрична енергија, рече денеска Ковачевски на првиот панел „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

Премиерот потенцираше дека стратегијата на Владата како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

-Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 посто во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија, рече Ковачевски.

 

Поврзани новости