854
Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, потпретседателката Мила Царовска, организацискиот секретар Душко Весковски и директорот на Аналитички центар Мартин Попов одржаа работен состанок со претседателите на општинските организации на партијата, на кој ги презентираа активностите на СДСМ кои следат во наредниот период.
„СДСМ ќе продолжи да биде моторот на промените во општеството. Системот на нови вредности кој го воспоставувме ќе продолжиме да го надградуваме. Остануваме отворени кон граѓаните, да ја слушнеме секоја нивна сугестија и бираме вистински луѓе, чесни и одговорни кои ќе носат мудри одлуки и ќе работат во интерес на сите граѓани“, истакна Николовски.