492
Триесет и осум годишен маж попладнево извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски, кој го приведе полицијата од ПС Центар.
-Полициски службеници од ПС Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982) кој околу 16.30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски. Тој со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и лицето е лишено од слобода, а парите и телефонот се пронајдени, информираат од Министерството за внатрешни работи.