Путин: Западот се обидува да ја разбие Русија, но нема да успее

by Fokus

„Западот се обидува да ја разбие Русија, но нема да успее“ изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата по повод Денот на националните херои, кога земјата им додели медали „Златна ѕвезда“ на хероите.

Како што покажуваат оригиналните снимки на програмата „Москва. Кремљ. Путин“, кои беа објавени денеска, Путин во разговор со хероите истакнал дека денес иднината на целата земја зависи од учесниците на СВО.

Тој рече дека знае дека не е лесно да се биде на фронтот и дека откако прочитал повеќе детали за борците на кои им беше доделен медалот, бил импресиониран од она што го научил.

– Ќе дојде време, ништо нема да заборавиме – коментираше тој.

Путин потсети и дека денес Западот е подготвен да соработува со секого само за да и наштети на Русија.

Тој додаде дека, како што изгледа, украинските власти „целосно го изгубиле умот“ кога решиле да ги прогласат Русите за народ кој не е домороден народ на украинска почва.

– Мораме да ги заштитиме нашите момчиња и да дејствуваме. Никогаш нема да успеат да ја истиснат, ослабат или скршат Русија – заклучи тој.

Поврзани новости