Рускиот претседател Владимир Путин денеска во својот говор на форумот „Русија повикува“ во Москва објави дека и покрај политичкиот притисок, само четвртина од западните компании се повлекле од рускиот пазар.
Некои од овие западни компании продолжуваат да работат во истиот режим, приближно половина, додека некои го префрлија управувањето на поединци и компании што им се подредени, додека приближно една четвртина всушност го напуштиле рускиот пазар, истакна Путин.
Според неговите зборови, Русија не избркала или потиснала никого од сопствениот пазар, пренесува ТАСС.
Компаниите од другите земји брзо почнаа да го заземаат местото на западните компании, а дополнително увозот се заменува со руска стока, додаде рускиот претседател.
Путин изјави дека властите во Москва нема да поставуваат дополнителни услови за враќање на западните компании, но нагласи дека нема да им биде лесно повторно да работат на рускиот пазар бидејќи нивното место веќе го зазеле брендовите од Русија, пренесува Комерсант.