Путин за војната во Израел: Ова е јасен пример за неуспехот на политиката на САД на Блискиот Исток

by Fokus

Влошувањето на палестинско-израелскиот конфликт е резултат на неуспехот на американската политика и игнорирањето на одлуките на Советот за безбедност на ОН, изјави Владимир Путин на средбата со ирачкиот премиер Мохамед Ал Судани во Кремљ.

„За жал, гледаме нагло влошување на ситуацијата на Блискиот Исток. Мислам дека многумина ќе се согласат со мене дека ова е јасен пример за неуспехот на политиката на САД на Блискиот Исток, кои се обидоа да го монополизираат решението, но, за жал, не се занимаваа со изнаоѓање компромис прифатлив за двете страни. “, рече Путин.

Вашингтон промовираше свои идеи за тоа како треба да продолжат преговорите и да изврши притисок врз двете страни, рече рускиот лидер.

Применувајќи го овој притисок, САД ги запоставија основните интереси на палестинскиот народ, потребата од спроведување на одлуките на Советот за безбедност на ОН за создавање на суверена палестинска држава, пишува Риа Новости.

Путин нагласи дека позицијата на Русија, како и ставот на Ирак, е да се минимизира штетата врз цивилното население.

Поврзани новости