Имено, руските медиуми објавија снимка од Путин на велигденската миса, на која се гледа како Путин стои настрана и држи запалена црвена свеќа за време на полноќната миса во катедралата Христос Спасител.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Путин и неговите телохранители стојат во празна московска катедрала, а корисниците на Твитер тврдат дека тоа е доказ дека се било однапред снимено во катедралата.

Но, на видеото кое се шири на социјалните мрежи, во долниот десен агол се гледаат луѓе кои стојат во катедралата.

Друго контроверзно видео покажува снимка од Путин како стои пред фреската во катедралата, држи свеќа и ја гризе усната, а до него се гледа круната на фреската. Потоа следи снимка од свештениците каде повторно се гледа круната на фреската, но не и Путин. На крајот, кадарот се враќа кај Путин кој стои до круната.

Коментаторите на социјалните мрежи додаваат дека бојата на вратоврската на Путин е различна на спорните снимки. Затоа што на снимките е црна а на фотографиите и кадрите на кои е сам, е црвена. Покрај Путин на двете снимки стои и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Исто така на социјалните мрежи пишува дека Путин премногу се плаши од излегување во јавност откако ја започна инвазијата на Украина, но сè уште не е јасно кога се направени снимките или дали се автентични, особено онаа што тврди дека го прикажува самиот Путин во катедралата, пишува „24 сата“.