Централната изборна комисија на Русија соопшти дека според првичните резултати актуелниот претседател, Владимир Путин, освоил убедлива победа на претседателските избори. Според пребројани 25 отсто од гласовите, Путин води со 72%.
На второ место е кандидатот на Комунистичката партија, Павел Грудињин, кој освоиил 15 отсто од гласовите, а на трето место е кандидатот на ЛДПР, Владимир Жириновски со 6,8 отсто од гласовите.
Противниците на Путин обвинија дека за време на гласањето бил вршен притисок врз избирачите за да се избегне ниската излезност која можеше да ја одложи победата на Путин.
Излезноста до 19 часот била 59,5 отсто, а од Министерството за внатрешни работи на Русија соопштија дека не биле забележани посериозни прекршувања на избирачкото право кои би влијаеле на регуларноста на изборите.
Путин е на власт во Русија веќе 18 години. Со денешната победа, тој останува на чело на Русија и наредните 6 години.