374
Рускиот претседател Владимир Путин го посети заедничкиот штаб на сите гранки на армијата кои учествуваат во војната во Украина, соопшти Кремљ.
„Претседателот Владимир Путин беше во работна посета на заедничкиот штаб на воените ограноци вклучени во специјалната воена операција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков додаде дека Путин извршил увид во работата на штабот, бил информиран за напредокот на воената операција, одржал конференции и одвоени состаноци со командантите.
Како што е соопштено, за време на посетата на штабот на руската армија што се бори во Украина, Путин ги сослушал предлозите на командантите на трупите за можните идни акции на краток и среден рок, јави ТАСС.