Путин: Вашингтон го користи Киев како „алатка“ за ограничување на Русија

by Fokus

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изрази надеж дека Москва и Западот ќе најдат решение за безбедносната криза околу Украина.

Тој, сепак, го обвини Вашингтон дека го користи Киев како „алатка“ за ограничување на Русија.

– Се надевам дека на крајот ќе најдеме решение, иако тоа нема да биде едноставно, изјави Путин.

Според него, главната цел на Вашингтон е „да ја ограничи Русија, а Украина е само алатка за да не натера да се вклучиме во некои вооружени конфликт“.

Поврзани новости