Рускиот претседател Владимир Путин во четврток ќе го посети Пекинг и се очекува да го повика својот кинески колега Си Џинпинг дополнително да ја поддржи руската воена економија и да го потврди нивното пријателство „без ограничувања“, пренесува Ројтерс.
Пред да замине во дводневна посета на Кина, прва откако беше реизбран за претседател на Русија, Путин во интервју за кинеската новинска агенција Ксинхуа ја изрази својата поддршка за кинескиот пристап за мирно решение на украинската криза, додавајќи дека Пекинг има целосно разбирање што стои зад сето тоа.
Главниот проблем на преговорите за Украина, како што наведе, е веродостојноста на гаранциите, бидејќи Западот претпочита светски поредок што не се заснова на меѓународното право, туку на сопствени правила.
„Сакаме сеопфатно, одржливо и праведно решение на овој конфликт со мирни средства и отворени сме за дијалог за Украина, но овие преговори мора да ги земат предвид интересите на сите земји вклучени во овој конфликт, вклучително и нашите интереси“, рекол Путин пренесе руската агенција Риа Новости.