Путин: Успешно е завршен 16-от самит на БРИКС, расте интересот за соработка со нас

by Fokus

Шеснаесеттиот самит на БРИКС е успешно завршен, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција за резултатите од самитот во Казан, чиј домаќин беше тој.

– Тоа беше еден од најзначајните настани во политичкиот календар, рече Путин.

„На самитот во Казан присуствуваа делегации од 35 земји и шест меѓународни организации, а тоа говори за улогата што ја има БРИКС и зголемениот интерес за соработка со нас“, рече Путин.

– Секоја земја-членка има свој пат, свои модели на економски развој, историја и култура, но потенцијалот се крие во таквата различност, порача рускиот лидер.

Зборувајќи за потпишаната декларација, Путин нагласи дека се земени предвид мислењата на сите членови на здружението.

– Земјите од БРИКС ќе ја зајакнат меѓубанкарската комуникација и партнерството во финансискиот сектор, рече Путин.

Останатите членки на БРИКС не создаваат алтернатива на СВИФТ, рече Путин и објасни:

„Има проблем во плаќањето и затоа имаме тенденција да користиме национални валути, а системот што го користиме е рускиот систем за пораки и мрежата на национални комерцијални банки. Списокот на земји-партнери е договорен, рече Путин и додаде дека некои од земјите кои учествуваа на самитот поднеле барање за полноправно членство во асоцијацијата.

– Последователно ќе биде објавено за кои земји станува збор, иако се знае дека сите претходно поднеле барања за приклучување кон БРИКС, рече Путин.

 

Поврзани новости