Путин унапредил затворски функционер кој го малтретирал Навални, велат од Антикорупциската фондацијата

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин унапреди висок функционер на затворот во кој пред неколку дена почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Заменик-шефот на затворската служба ФСИН, Валериј Бојаринев, беше унапреден во генерал-полковник на Министерството за внатрешни работи.

Директорот на Антикорупциската фондација, основана од Навални, на Телеграм објави дека Бојаринев е лично одговорен за мачењето на Навални во затворот.

„Тоа мора да се сфати како отворена награда на Путин за тортура“, рече Иван Жданов во врска со унапредувањето на Бојаринев.

Во јули 2023 година, на судско рочиште, се дознало дека Бојаринев наредил на Навални да му се ограничи купувањето на храна и дневните потреби. Затворениците обично можат да купат што им треба во затворската продавница со свои пари.

Според Жданов, новоименуваниот генерал-потполковник одговара и за други злоупотреби на лидерот на опозицијата.

Промоцијата стана позната во понеделникот кога претседателскиот декрет беше објавен во правната база на податоци. Заедно со него, во чин генерал беа унапредени уште тројца службеници од органите на редот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, негираше дека овие унапредувања се поврзани со смртта на Навални, велејќи дека тоа е нормална процедура.

Поврзани новости