Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинската офанзива започна на сите фронтови!
– Можеме со сигурност да кажеме дека контраофанзивата е започната, а за тоа сведочи употребата на стратешки резерви – рече шефот на руската држава.
Путин нагласи дека вооружените сили на Украина не ги постигнале своите цели во ниту еден сектор поради храброста на руските војници и правилната организација на трупите.
– Може да се каже дека сите претходни контраофанзивни обиди пропаднаа, но офанзивниот потенцијал на трупите на режимот во Киев се уште постои – рече Путин.
Во претходните денови, според неговите зборови, вооружените сили на Украина доживеале значителни загуби кои ја надминуваат „класичната“ бројка.
– Познато е дека во офанзивните операции загубите се околу три спрема еден. Тоа е класика, но загубите во овој случај значително ги надминуваат класичните показатели. Сега нема да ги повторувам бројките, но тие се импресивни – рече тој и додаде дека руското воено раководство ја проценува ситуацијата со противофанзивата на непријателот и ќе тргне од реалноста на бојното поле.
Според податоците на руското Министерство за одбрана, Киев изминатиот ден загубил 945 војници, како и 33 тенкови, 28 борбени возила на пешадија, 38 оклопни борбени возила…