Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека светот се приближил до точката од која нема враќање и дека НАТО се обидува да го зголеми притисокот врз оние земји чиј развој се обидува да го заузда, пренесуваат руските медиуми.
„Себичноста и ароганцијата на западните земји доведоа до сегашната состојба на работите, светот се приближи до точката од која нема враќање“, рече Путин во обраќањето до раководството на руското Министерство за надворешни работи.
Тој исто така смета дека евроатлантскиот безбедносен систем ќе пропадне и дека ќе треба да се создаде нов, како и дека државите треба да ги разработат своите опции за обезбедување безбедност во Евроазија, наведува РИА Новости.
Тој исто така рече дека светот се менува, и дека ништо повеќе нема да биде исто во економијата, технологијата, глобалната политика, како и во другите области, пренесува Спутник.