Путин: Создавањето нов, мултиполарен свет е неизбежно и историски неопходно

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека создавањето на нов, поправеден мултиполарен свет е неизбежно и историски неопходно.

– Процесот на градење мултиполарен светски поредок – подемократски, поправеден за мнозинството човештво – е едноставно неизбежен и историски неопходен процес – рече Путин на прес-конференција во рускиот град Сочи.

Тој додаде дека тоа е целосно поврзано со создавање цврсти економски основи за таков светски поредок.

– Светот постепено се ослободува од диктатурата на финансискиот модел, кој има за цел само да ги задолжи цели региони, да им ги одземе ресурсите и да ги претвори во економски колонии – рече Путин и додаде дека таква иднина не би сакале многумина.

Поврзани новости