Путин со нов план за ракети

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин најави денеска дека руската армија оваа година ќе распореди нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.

На ден во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз Украина, Путин рече дека Русија „ќе посвети посебно внимание“ на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, соопшти денеска Кремљ.

„Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, истакна Путин, мислејќи на нуклеарните ракети на копно, во морето и во воздухот, пренесуваат светските агенции.

Поврзани новости