Долниот дом на рускиот парламент ги одобри законите за приклучување на четирите окупирани украински територии кон Русија, по референдумите кои Украина и Западот ги осудија како принудни и нелегитимни, јави Ројтерс.
Ниту еден пратеник во Државната дума не гласаше против резолуциите, со кои се бараше формално да се вклучат украинските региони Херсон, Доњецк, Луганск и Запорожје во Русија.
-Одлуката е донесена едногласно. Во Руската Федерација има 89 ентитети – објави претседателот на парламентот Вјачеслав Володин на Телеграм.
Во меѓувреме, Си-ен-ен пишува дека времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува.
„Тој брза да прогласи победа, да ги зацементира малите добивки и да бара мир“, пишува медиумот, додавајќи дека Путин ја губи војната во Украина.