Путин: Ситуацијата на фронтот ќе го одреди животот на земјата во годините што доаѓаат

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека она што се случува на линијата на воен контакт во правец на Украина ќе го одреди животот на Русија во годините што доаѓаат.

„На сите им е јасно дека, во голема мера, она што се случува на фронтот ќе го одреди животот на нашата земја за многу години, а можеби дури и децении“, рече тој на седницата на Советот за стратешки развој и Националните проекти.

Тој изјави дека руската армија на линијата на борбен контакт сама дизајнира и користи нови беспилотни летала, пренесува РИА Новости.

Поврзани новости