Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека речиси целото жито од украинските пристаништа е испорачано во ЕУ, а не до земјите на кои им е потребно. Според него, само три отсто од вкупните испораки стигнале до најсиромашните земји.
На седницата на Советот за безбедност на Русија, Путин посочи дека Русија има намера до крајот на годината да испорача 30 милиони тони жито на земјите на кои им е потребно, а има намера и да ги зголеми тие испораки на 50 милиони.
-Од 87 бродови што ги напуштија украинските пристаништа со жито, 32 останаа во Турција. И мислам дека тоа е апсолутно нормално, бидејќи Турција е организатор на тој процес и има право на тоа. Во Републиката беа испратени три брода во Јужна Африка, три во Израел, седум во Египет, 30 во ЕУ и само две за најсиромашните земји според ОН, имено Јемен и Џибути. Тоа се 60 илјади тони, или само три проценти – наведе Путин.
Тој додаде дека Русија е подготвена бесплатно да испорача ѓубриво до земјите во развој.