560
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му соопштил на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Претседателот Путин претходно кажа дека тоа е крајната црвена линија, рече Песков, пренесе Тасс.
Белорускиот претседател претходно посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.
-Јасно е дека каде и да распоредите војници во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски војници, пред се американски , објави белоруската новинска агенција Белта.