Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на безбедносните мерки на мостот на Крим, стратешка инфраструктура која по втор пат беше оштетена од украинскиот напад за што вети „одговор“.
Според него, едно девојче било повредено, а двајцата нејзини родители биле убиени во тој украински напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим, полуостров припоен кон Русија во 2014 година.
„Секако дека ќе има одговор од Русија. Министерството за одбрана подготвува соодветни предлози“, рече Путин.
Нападот предизвика голема штета на патниот дел од мостот, кој исто така се користи за транспорт на воена опрема на руската армија која се бори во Украина.
Ова го извршија украинските специјални служби и поморските сили користејќи „поморски беспилотни летала“, изјави за АФП извор од украинските безбедносни служби (СБУ).
Бетонскиот мост долг 18 километри, изграден со големи трошоци по налог на Владимир Путин и свечено отворен од него во 2018 година, се состои од две паралелни структури, едната резервирана за патен сообраќај, а другата за железнички сообраќај.