Досега Русија немаше потреба да користи касетна муниција, но доколку тие се користат против нас, го задржуваме правото да возвратиме, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
– До сега не сме го направиле тоа, не сме го користеле, ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период. Ја имаме и оваа муниција, но тоа не го направивме. Но, секако, доколку се примени против нас, го задржуваме правото да возвратиме – изјави Путин за телевизијата „Русија 1“.
Шефот на руската држава е убеден дека испораката на касетна муниција во Киев и нејзината употреба треба да се смета за кривично дело.
– Што се однесува до касетната муниција, самата американска администрација даде оценка за оваа муниција пред извесно време. Самата американска администрација тогаш употребата на касетна муниција ја нарече криминал. Мислам дека така треба да се третира – рече Путин.
Според него, Русија има значителни залихи на различни видови касетна муниција.
Зборувајќи за американските испораки на касетна муниција за Киев, Путин рече дека тоа го прават поради недостиг на муниција.
Тој потсети дека „украинската армија троши до 5-6 илјади гранати од калибар 155 дневно, додека САД произведуваат 15 илјади месечно“.
– Немаат доволно, а на Европа веќе и недостигаат. Но, тие не најдоа ништо подобро од тоа да предложат употреба на касетна муниција – рече Путин.