Путин се закани, споменува ново нуклеарно оружје

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „дополнително ќе ги зајакне своите вооружени сили за да ги земе предвид потенцијалните воени закани и ризици“.

Пред Путин, денеска се заканија неговиот сојузник Николај Патушев и портпаролката на руското МНР Марија Захаров, но тие се фокусираа на заканите директно кон Литванија, која забрани пренос на стоки во руската енклава Калининград.

Патушев, инаку секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација и близок соработник на Путин, одржал состанок во Калининград и им се заканувал на граѓаните на Литванија.

„Русија сигурно ќе одговори на таквите непријателски дејствија. Се развиваат соодветни мерки во меѓуминистерски формат и ќе бидат преземени во блиска иднина. Нивните последици ќе имаат сериозно негативно влијание врз литванското население“, рече тој.

Захарова им се закани на литванските политички претставници со последиците „кои за жал ќе дојдат“.

„Ми се чини дека треба да ја разберат главната работа: кога Русија вели дека нечие однесување е отворено непријателско, тогаш нема време за разговор, нема време да се најдат формули кои би можеле да ја решат ситуацијата или да ја тргнат настрана и да се преправаат дека не се проблеми“, додаде Захарова.

Поврзани новости