Владимир Путин му оддаде признание на царот Петар Велики на 350-годишнината од неговото раѓање, повлекувајќи паралела помеѓу сегашните случувања во Украина и неговата војна за враќање на руските земји
-Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско – кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.
На 106-тиот ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.
-Очигледно, сега и ние треба да го вратиме она што ѝ припаѓа на Русија и да ја зацврстиме земјата. Ако тргнеме од фактот дека овие основни вредности ја формираат основата на нашето постоење, несомнено ќе успееме да ги решиме задачите со кои се соочуваме – кажа рускиот претседател.
Петар Велики владеел 43 години и наредил новиот главен град на Русија, Санкт Петербург, да се изгради на земјата што ја одзел од Шведска.
Санкт Петербург е и родниот град на Путин.