543
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека за него приоритет е специјалната воена операција во Украина. Тој истакна дека е во постојан контакт со Министерството за одбрана, пренесе Ројтерс.
„Па, се разбира дека давам приоритет (тоа). Со тоа го започнувам денот и со тоа го завршувам“, изјави Путин во интервју за новинарот за програмата „Москва.Кремлин.Путин“ на телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето колку време посветува на текот на специјална воена операција.
Според неговите зборови, тој има средби и разговори по телефон, пренесе РИА Новости.