Путин се надева дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот Спутник В, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви.

Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО за Русија да им помогне на другите земји испорачувајќи им Спутник В, меѓу другото и бесплатно.

– Планираме да ја прошириме таквата помош, рече Путин.

Одобрувањето на СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и може да го отвори патот за вклучување на вакцината во програмата Ковакс, во чии рамки агенцијата на ОН и клучните партнери испраќаат вакцини против Ковид во десетици земји низ светот, зависно од потребите.

Рускиот лидер исто така рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите кои ја примиле вакцината Спутник В слободно да патуваат, а ги има околу 200 милиони ширум светот.

Поврзани новости