Глеб Павловски, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој подоцна стана критичар, вели дека рускиот лидер стапнал на стапица во Украина. Во интервју за РСЕ, Павловски предвидува дека руската инвазија врз Украина скапо ќе ги чини Путин и Русија.
-Рускиот претседател Владимир Путин направи голема погрешна пресметка со инвазијата на Украина, предизвикувајќи конфликт што на крајот би можел да се прелее преку границите на Украина, изјави поранешниот претседателски советник и спин-доктор во Кремљ .
-Сето ова е лична одлука на Путин. Никој освен Путин немаше да ја донесе, дури ни Рамзан Кадиров, да имаше збор за тоа. Никој, вклучително и јас, не сфативме колку манијакално мора да бил опседнат со Украина. Го потценивме степенот на распадот во руската влада“.
Дисидент за време на советската ера, Павловски отслужи казна внатрешен егзил пред падот на Советскиот Сојуз. По распадот на комунизмот, Павловски стана „политички технолог“, служејќи како консултант на Кремљ од 1996 до 2011 година, по што стана критичар на Путин.
Неговите коментари доаѓаат кога руските сили главно се заглавени или се повлекуваат во Украина, остварувајќи мали придобивки или држејќи позиции на југ и исток на земјата, главно долж брегот на Црното Море.
Како и другите набљудувачи на Кремљ, Павловски верува дека Путин се надева на крај на непријателствата до 9 мај, кога би можел да прогласи „победа“ додека Русија го одбележува поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Како и другите набљудувачи на Кремљ, Павловски верува дека Путин се надева на крај на непријателствата до 9 мај, кога би можел да прогласи „победа“ додека Русија го одбележува поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Повеќе од 4 милиони Украинци беа принудени да ја напуштат земјата поради неиспровоцираниот руски напад. За време на нивната инвазија, руските сили беа обвинети од Хјуман рајтс воч и многу други организации за воени злосторства во окупираните области на регионите Чернихив, Харкив и Киев.