Путин: Се формира нов светски поредок, ништо повеќе нема да биде исто

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдеј“ во Сочи изјави дека светот влегува во ера на кардинални и револуционерни промени.

Путин нагласи дека тие се сведоци на формирање на нов светски поредок, во кој нациите се повеќе инсистираат на правдата и зачувувањето на нивниот идентитет, додека општествата ширум светот се изложени на големи предизвици.

„Живееме во време на најсложени процеси, каде светот влегува во фаза на голема трансформација“, рече рускиот претседател.

„Светската сцена се соочува со момент на вистината, а стариот поредок веќе е заменет со нова форма на глобален натпревар. Борбата не е само за моќ, туку и за принципите на односите меѓу државите и народите“ рече тој.

Путин додаде дека може да се очекува следните дваесет години да ги донесат истите предизвици и тензии како и претходните децении, но и можности за трајна промена во глобалните односи.

Поврзани новости