Рускиот претседател Владимир Путин денеска како единствен верник присуствуваше на божиќната литургија во Благовештенската црквата во Кремљ, која првобитно била замислена како храм за руските цареви.
Путин, кој во изминатите години присуствуваше на божиќни литургии во различни цркви во Москва или низ Русија, им го честиташе Божиќ на верниците, велејќи дека тоа е празник кој треба да биде инспирација за добри дела.
Рускиот претседател рече дека се моли за православната црква, чиј поглавар, патријархот Кирил ја поддржува руската инвазија врз Украина.
Црковните организации ги „поддржуваат напите војници кои учествуваат во специјалната воена операција“, рече рускиот претседател, користејќи го официјалниот израз на Киев „специјална воена операција“ за воената агресија врз Украина.
Патријархот Кирил ги повика верниците да ги поддржат проруските „браќа“ за време на руската офанзива во источна Украина.
Путин нареди дводневен прекин на огнот во Украина поради божиќните празници, но судирите во земјата продолжуваат.