„Русија не е заинтересирана да приспои никого кон својата држава . Тоа е едноставно несоодветно во денешни услови , изјави рускиот претседател Владимир Путин како одговор на „гласините“ за наводниот обид на Русија да ја анектира Белорусија.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во еднодневна работна посета на Минск, каде разговараше со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Путин оцени дека белоруско-руските разговори во проширен формат, кои се одржаа во Минск, биле ефективни.
Русија и Белорусија постојано ја продлабочуваат економската интеграција за да го подобрат животниот стандард на граѓаните, рече Путин.
Луикашенко и Путин разговараа за безбедносните прашања, и ја разгледаа ситуацијата во регионот и во светот
Во последните три години, сите нивни сеопфатни билатерални преговори се водеа во Русија.
Претседателите комуницирале и на самити во други земји, но најчесто накратко или на општи мултилатерални состаноци.
Путин е во посета Белорусија за прв пат од јуни 2019 година. Доаѓањето на Путин во Минск ги подгреа шпекулациите за наводното воено сојузништво и вклучувањето на белоруската армија во руската воена инвазија та врз Украина.