Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не ја заострува својата нуклеарна доктрина, туку ја подобрува.
„Зборувавте за заострување на нуклеарната доктрина, ние не ја заоструваме нуклеарната доктрина, туку ја подобруваме“, рече Путин на состанокот на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, реагирајќи на зборовите на еден од учесниците, објави Интерфакс.
Тој додаде дека Русија треба да го подобри ракетниот систем „Орешник“. Путин денеска во Кремљ се сретна и со индискиот министер за одбрана Рајнат Синг, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Синг пристигна во Русија на 8 декември, а веќе следниот ден присуствуваше на церемонијата на предавање на фрегатата Тусил на индиската морнарица во бродоградилиштето Јантар во Калининград.
Тој на 10 декември се сретна со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, пренесува Танјуг.