Путин: Русија е подготвена да преговара за Украина

by Fokus

Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – ние не одбиваме да преговараме, туку тие“, рече Путин во интервју за руската државна телевизија.

„Мислам дека дејствуваме во вистинската насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, нагласи Путин.

Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.

„Во сржта на сето тоа е политиката на нашите геополитички противници, кои имаат за цел да ја распарчат Русија, историската Русија“, рече Путин. „Тие отсекогаш се обидувале да „поделуваат и освојуваат“… Нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“.

Поврзани новости