Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека доколку Западот повторно ѝ дозволи на Украина повторно да лансира високотехнолошки ракети со долг дострел кон Русија, Русија размислува да распореди такво оружје што би можело да ги гаѓа земјите што ја снадбувале Украина со такво оружје.
-Ако Западот и дозволи на Украина да го направи тоа, тоа ќе ги поткопа меѓународните односи и меѓународната безбедност. Ако Западот дозволи Украина да ја гаѓа Русија со проектили како што се „Storm Shadow“ или „Attackms“, Русија ќе ја зајакне својата воздушна одбрана, рече Путин, додавајќи дека Русија го задржува правото да одговори „на ист начин“ како што прават некои земји кои ја вовлекуваат во војна, изјави Путин а пренесува „РИА“.
На средбата со претставници на меѓународните новински агенции, прв разговор со странски новинари по неговиот реизбор за претседател, Путин рече дека оние кои доставуваат оружје на Украина и управуваат со него, преземаат многу опасен чекор.