Рускиот претседател Владимир Путин вечерва наредил распоредување војници за да се зачува мирот во регионите на источна Украина, Луганск и Доњецк, кои се под контрола на сепаратистите.
Oва следува по одлуката на Москва да ги признае овие региони како независни држави, јави ДПА.
Тој му нареди на Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со регионите кои Русија од денеска ги смета за независни држави.
Т.н. Доњецка Народна Република (ТНР) и т.н.Луганска Народна Република (ЛНР) во Украина, не се признаени од ниту една членка на ОН.
Путин, исто така го задолжи Министерството за одбрана да „обезбеди одржување на мирот во ДНР и ЛНР од страна на руските вооружени сили“.
Руските медиуми јавуваат дека руските трупи ќе бидат ангажирани за обезбедување мир, барем додека не се појават други договори со Донбас.
Андреј Климов, заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата прецизира дека Русија ги признава ДНР и ЛНР во сегашните граници и прецизираше дека утре во Советот на Федерацијата ќе се разгледува прашањето за ратификација на договорите за пријателство и соработка со овие области.